За Нас

Компанијата Тргошед Транс од Велес, скоро две децении е една од цодечките транспортни фирми во Македонија, која успешно се справува со сите предизвици што ги има овој бизнис во регионот. Скоро 100%  од возниот пар го сочинуваат камионите на Volvo Trucks.

Во 1990 година основана е фирмата  Тргошпед Транс како фирма за трговија со  градежни материјали, но сепак останува со тоа транспортот да го врши со сопствени возила.

Во 1994 година се набавени првите половни камиони, но клучна година за оваа компанија е 1998 година кога се набавени 9 половни Волво ФХ12 влекачи со еуро 2 мотори за кои вреди да се спомне дека и покрај изминатите километри сеуште се во функција и крстарат по европските патишта.

Веке во 2001 година набавени се уште 4 Волво камиони со Еуро 2 и Еуро 3 мотори кои исто така се сеуште дел од возниот парк на Тргошпед Транс.

Поради зголемениот обем на работа како и ориентираноста на компанијата кон европските пазари во 2006 година отворена е фирмата ТОШЕ 2001 ООД во Бугарија.

Веке следната година таму се набавени 14 Волво камиони за да таа бројка денес достигнува вкупно 50 камиони.

И покрај кризата што во последните години владее во транспортниот бизнис компанијата Тргошпед Транс во 2013 година својот возен парк го зголеми за уште 12 нови возила со Еуро 5 мотори, и во 2014 година со уште 9 нови возила со Еуро 6 мотори.

Времеплов

1990 година-основана е фирмата Тргошпед Транс, како фирма за трговија со градежни материјали

1994 година- се проширува дејноста на фирмата со транспортни услуги

1998 година – набавени првите 9 Волво камиони

2006 година- основана е фирма во Бугарија

79- Вкупно камиони во сопственост на компанијата

Go to top